Ако примивте К15 оваа година морате да пријавите персонален данок
Ако годинава сте зеле К-15 а не сте имале други приходи освен личниот доход, во март ќе мора да поднесетеданочна пријава за персонален данок. Тоа значи дека вашиот работодавец ќе треба да ви издаде потврда на која стои дека ви го платил персоналниот данок и податоците да ги внесете во годишната даночна пријава.
Освен обврската да го пријавие данокот, немате други обврски, бидејќи секој кој што добил К15 има покриени трошоци за персонален данок, што значи дека нема да треба да платите ништо.
Доколку сте примале и хонорари или сте имале други риходи од дивиденда, кирии и слично, исто така е треба да побарате потврди од оние кои ви ги исплаќале овие суми и исто така да ги пријавите во управата за јавни приходи.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа