Ако сте зеле К-15 треба да пријавите персонален данок

 

Ако годинава сте зеле К-15, а не сте имале други приходи освен личниот доход, во март ќе мора да поднесете даночна пријава за персонален данок.

pariiiiii

Тоа значи дека вашиот работодавец ќе треба да ви издаде потврда на која стои дека ви го платил персоналниот данок и податоците да ги внесете во годишната даночна пријава.

Освен обврската да го пријавите данокот, немате други обврски, бидејќи секој кој што добил К-15 има покриени трошоци за персонален данок, што значи дека нема да треба да платите ништо.

Доколку сте примале и хонорари или сте имале други приходи од дивиденда, кирии и слично, исто така ќе треба да побарате потврди од оние кои ви ги исплаќале овие суми и исто така да ги пријавите во управата за јавни приходи. 

 

 

Оцени ја веста

30.12.2014 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега