Тодоров: Хартиените рецепти ќе се заменат со електронски

Хартиениот рецепт ќе биде заменет со електронски, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров.

Од 15 мај ќе стартува проба на овој систем во времетраење од 15 денови, а веќе од јуни ќе започне да се применува системот на електронските рецепти.

-Потполно истата легислатива и истите правила кои важеа претходно, важат и сега. Ова е само замена за хартиениот со електронски рецепт. Добиваме многу помалку документација и добиваме многу точна евиденција за тоа што се случува во здравствениот систем. Можеме комплетно да ја следиме работата на матичните лекари во поглед на издавањето на лекови, но и целосната слика за издавањето на лекови во државата, истакна Тодоров.

најчитано сега