Државјани на Мали и Гамбија засекогаш ќе го паметат доаѓањето во Куманово - малолетници ги оставија без накит пари облека и телефони

 

16-годишниот Ф.Б. 16-годишниот М.Т. 16-годишниот С.Ј. 16-годишниот М.Љ. и 15-годишниот К.М. од Куманово заработија кривична за разбојништво.

Тир пред три дена на локалниот пат Куманово-село Долно Којнаре, додека 29-годишниот А.Д. инаку државјанин на Гамбија и 21-годишниот Д.С. државјанин на Мали, се движеле на автопатот, биле пресретнати и физички нападнати од страна на групата малолетници.

Во еден момент Ф.Б. извадил гасен пиштол го репетирал и испукал три истрели во воздух, а потоа го вперил пиштолот кон оштетенити и им се заканил дека ќе ги убие, по што на оштетениот А.Д на особено дрзок начин од вратот му скинал ланче, а останатите им одзеле 560 евра, два мобилни телефони и облека, по што избегале. 

најчитано сега