Скопјанец моли за помош: Сакам да ја најдам девојката што ми помогна кога ме удри автомобил

„Драги другарки и другари, на 26.12.2014, нешто по 21 часот на една од скопските улички ме удри кола, па по ударот сум изгубил свест. Во таа прилика, некоја жена/девојка притрчала и ми помагала додека дошла Итната помош и при тоа имала контакт со моите родители по телефон за да им каже како сум и каде ќе ме носат.

Поради тоа сакам да ја најдам таа девојка/жена во што побрзо време за да може да и се заблагодарам за стореното добро дело. Ќе ве замолам кој може да сподели. Фала. “

Со оваа порака Воислв Здравковски преку социјалните мрежи бара помош од сите корисници во пронаоѓањето на жената која му помогнала во моментот кога му било најтешко. Бидејќи се помалку има вакви, хумани луѓе, решивме и ние да му помогнеме.
Доколку таа го прочита ова, може да го контактира преку овој линк

 

 

Оцени ја веста

08.01.2015 - 23:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега