VIP и ОNE и официјално се споија: Ова е новото име на компанијата

 

ВИП и ОНЕ ќе се спојат во новоосновано друштво со ограничена одговорност со назив one.VIP, соопшти комисијата за заштита на конкуренцијата, пренесе Економски.

mkd-169679

Врз основа на прелиминарното испитување Комисијата утврдила дека концентрацијата на двата оператори може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана.

Единствена контрола над новата компанија ќе има Мобилком Мацедониен Бетеилигунгсфервалтунг ГмбХ, друштво кое пак е во сопственост на Телеком Австрија.

Комисијата ги повика заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација во рок од десет дена.

Освен во мобилната телефонија, новото друштво ќе настапува и на пазарот на фискна телефонија, широкопојасен интернет, како и кабелска телевизија преку операторот Близу.

На 22 октомври 2014, Телеком Австрија Групацијата објави дека се договори со Телеком Словеније Груп за спојување на нивните подружници Вип оператор и Оне. Телеком Австрија Групацијата ќе има 55 проценти и целосна контрола во новосоздадениот ентитет, додека Телеком Словенија Груп ќе поседува 45 проценти. Договорот, исто така, вклучува опции за купување и продажба за излегување на Телеком Словеније од заедничката компанија во рок од три години од затворањето на спојувањето.

Спојувањето би требало да се комплетира за најмногу три месеци.

 

 

Оцени ја веста

09.01.2015 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега