ФОТО: Обраќањето на Груевски на престижниот самит забележано и од индиските медиуми

 

Учеството на премиерот Никола Груевски на Самитот Вајбрант Гуџерат, еден од најголемите инвестициски собири во Индија, на кој учествуваат политичари, директори на околу 50 глобални светски компании, како и 30 водечки дипломати не помина незабележано од тамошните медиуми.

Највлијателните индиски медиуми пишуваат за глобалниот инвестициски самит на кое свое обраќање имаше и премиерот Никола Груевски .  „Македонија е порта кон Европа, вели Никола Груевски“ е насловот на текстот објавен во индискиот весник „DNA“, каде е наведено дека помошта на Индија за време на светската економска рецесија била потенцирана во говорот на македонскиот премиер при неговото обраќање на церемонијата на Vibrant Gujarat Summit 2015 во неделата.

-Индија и помогна на светската економија кога таа се соочуваше со тешки времиња во периодот од 2007-2008 година. Во глобализираната околина, можностите не доаѓаат сами по себе, тие мора да се создадат преку иновација и конкурентност. Имаме раст на БДП од  3.9% во првите три квартали на 2014-2015 година. Ние сме местото во Европа каде најбрзо може да се започне бизнис. Македонија е земја која е отворена за нови бизниси, ја пренесува медиумот изјавата од Груевски.

Пред медиумите за време на вечерата Груевски истакнал: „Македонија е портата кон Европа. Има најниска цена на производство и најниски даноци во светот. Енергијата и логистиката се истотака најевтини во Европа, а цената на трудот е конкурентна. Ние бараме инвеститори кои произведуваат авто делови, електро делови, инвеститори во агро-преработката на храна како и во хемискиот сектор“

За време на трите дена од самитот, како што пишуваат индиските медиуми, се одржуваат повеќе презентаци од страна на земјите учеснички, дваесетина семинари, како и околу 700 меѓусебни средби на присутните претставници на компаниите, но и средби со владините претствници, на кои се очекува да стане збор за можни инвестиции. 

Самитот, како што пишува дневниот весник Тајм оф Индија, се одржува во услови на досега невидени мерки за безбедност. Во Ахмадабад ангажирани се 12 илјади полицајци, меѓу кои и припадници на специјални единици, а на локацијата каде се одржува Вибран Гуџерат уште дополнителни 4.000 лица. Направени се и строги проверки на вработените во хотелите каде се сместени гостите. Со целата операција се раководи од три контролни центри. 

 

 

Оцени ја веста

12.01.2015 - 19:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега