Специјлци и дополнителни безбедносни мерки поради посетата на Тачи во Подгорица

Црногорските власти ги зајакнаа безбедносните мерки во Подгорица поради дводневната посета на косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи, јави Танјуг. 

Патрола на специјалните единици од вчера стои пред косовската амбасада, а се преземени и специјални мерки во пресрет на планираните за утре протести на бегалци од Косово. 

Поради безбедносни причини е откажано предавањето за интергација во НАТО, за што Тачи требаше да зборува во Подгорица. 

- Полицијата нема да дозволи предизвикување на инциденти, изјави за локалните медиуми заменикот директор на полицијата Никола Јанушевиќ. 

Според него, организаторот на утрешниот протест е целосно запознаен со обврските што треба да ги исполни, а полицијата, што ќе го обезбедува протестот ќе ги преземе сите неопходни превентивни мерки за зачувување на јавниот ред. 

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 20:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега