WIZZ AIR отвара нова база во Кошице

 

Wizz Air, најголемата нискобуџетна авио компанија во Централна и Источна Европа,* денес објави дека ќе ја отвори својата 20-та база во Кошице, Словачка со нов Airbus A320, на 14-ти Септември. Набавката на авионот се совпаѓа со отпочнувањето со летови во 2 правци од Кошице до Донкастер Шефилд и Милано Бергамо.

Заедно со новата база во Кошице, Wizz Air сега нуди 11 лета неделно во 3 правци од Кошице, притоа забележувајќи 50% пораст годишно на својот капацитет (Октомври 2015). Компанијата верува дека со својата експанзија во Словачка, од каде лета до два аеродроми, ќе придонесе за зголемување на вработеноста во авио секторотот и туризмот, а потрошувачите ќе имаат пристап до повеќе нискобуџетни услуги. Летовите за новите рути од Кошице веќе се во продажба за само 19.99** Евра, а билет може да се резервира на wizzair.com.

 На денешната прес конференција во Кошице, Јозеф Варади (József Váradi), извршниот директор на Wizz Air рече: "Денешната објава ја потврдува посветеноста на Wizz Air во Словачка. Почнавме да работиме пред само 1,5 година и веќе превезовме над 130,000 патници на летовите од Кошице и Попрад. Словачка е нашата 12-та земја каде отвораме база. Со нетрпение очекуваме да им понудиме повеќе ефтини летови на атрактивни правци на словачките корисници и нивните гости.”


Wizz Air е најголемата ниско буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, управувајќи со 54 “Airbus A320” авиони и нуди над 360 рути од 20 бази поврзувајќи 110 дестинации низ 38 држави. Во Wizz Air, преку 2.200 авијациски професионалци нудат инзворедна услуга и ниска цена на билетите и го прават Wizz Air подобриот избор за над 15.8 милиони патници во финансиската година 2014

*Извор: Иновата, на основа на распоредот за заминувачки капацитети,  цо период од 1 Април до 30 Септември 2014 година . Централна и Источна Европа е регион кои ги опфаќа Албаниа, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Република Чешка, Естониа, Унгарија, Косово, Латвиа, Литваниа, Македонија, Молдавија, Црнагора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словение и Украина.

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега