Нов рекорд: Цената на бензинот ќе падне под 40 денари за литар?

 

Цената на нафтата се намали под 45 долари за барел при затворањето на берзите во Њујорк и ја достигна најниската вредност во последните шест години.

Цената на барел лесна сурова нафта за испораките во март се намали за 1,78 долари и достигна 44,45 долари на њујоршката берза.

Ова е најниската цена на нафтата од 11 март 2009 година, кога еден барел нафта изнесуваше 42,33 долари.

Токму во март, цената на литар бензин во Македонија изнесуваше 53,5 денари за ЕУРОСУПЕР 95 и 55 денари литар за ЕУРОСУПЕР 98. Дизелот се точеше по 41,5 денари по литар. Според тогашната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, просечната цена на барел нафта изнесувала 44 долари а еден долар се продавал за 48,7 денари.

Денеска цената на барелот е идентична но цената на литар бензин ЕУРОСУПЕР 95 изнесува 59,5 денари а на ЕУРОСУПЕР 98 е 60,5 денари. Дизелот се точи по 48.5 денари за литар.
Разликата е во доларот кој во моментов се продава за 53 денари.

Ако се остварат прогнозите дека до средината на летото цената на нафтата ќе се движи надолу, нема да биде изненадување, доколку литар дизел се продава и под 40 денари

 

 

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега