Воз прегази 11 годишно момче од Кочани - се бори за живот на скопските клиники
Единаесетгодишно момче од Кочани е тешко повредено во железничка несреќа што се случила синоќа околу 18 часот на пругата, во близина на градскиот стадион. Според телевизија „Алфа“, детето се движело по пругата во ист правец со возот, па не можело да види дека му се заканува опасност, а кога го слушнал возот, веќе било предоцна.
Неуспешни биле и обидите на машиновозачот да го запре возот. Локомотивата го удрила детето, а потоа и го исфрлила од пругата.
Први на помош на повреденото дете му притрчале соседите и веднаш било пренесено на скопските клиники поради сериозните повреди на черепот и по телото