Немирна ноќ во Скопје - три лица тешко повредени

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди од кои шест се последица материјална штета и една е со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобил еден пешак.

Се случиле и две незгоди со последица тешки телесни повреди во кои со тешки телесни повреди се здобиле двајца пешаци.

Денеска со почеток во 13 часот и 30 минути Советот на родители од ОУ „Емин Дураку“ од с. Буковиќ ќе организира протест на излез од градот Скопје, поточно на ул. „Ѓорче Петров“ мост „Сарај“. Од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот по околните сообраќајници. Од сообраќајната полиција со апел граѓаните кои ќе патуваат према Тетово да ја користат обиколницата, како и магистралниот пат Долно Блаце.

Во сабота од 12 до 14 часот група граѓани на мостот во с. Драчево ќе одржат мирен протест. Од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот. Во 21 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на АБА лигата ќе се одржи меѓународен кошаркарски натпревар помеѓу КК МЗТ Аеродром и КК Партизан, Република Србија. Со цел нормално одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување и физичко регулирање на сообраќајот.

Во недела со почеток во 12 часот во Паркот на новинарите Граѓанското здружение ќе одржи протестен марш против загадувањето на воздухот. Маршот ќе продолжи по бул. „Климент Охридски“, десно по ул. „Димитрија Чупоски“, лево по ул. „Васил Главинов“, во продолжение по бул. „ВМРО“, лево по ул. „Илинден“, лево по бул. „Климент Охридски“, десно по ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и се до кружниот тек. Со цел нормално одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот. 

 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега