И Бугарите бараат оставка од својот премиер

 

Синоќа во Софија, трет ден по ред протестираа илјадници Бугари кои бараат оставка на Владата што стапи на должност пред две недели, како и одржување нови парламентарни избори.

Демонстрантите пред зградата на Владата во центарот на Софија, која беше опколена со метални огради и заштитувана од полицијата, скандираа „Оставка, оставка“ и „Избори сега“.

Протестите продолжија и покрај тоа што бугарскиот премиер Пламен Орешарски во саботата вети дека Парламентот ќе го поништи изборот на Дељан Пеевски, кој е обвинуван за корупција, за шеф на националната агенција за безбедност, .

Довербата на бугарските граѓани во новата Влада се намали, откако неколкумина предложени членови на Кабинетот на Орешарски беа обвинети во медиумите дека имаат сомнителни бизнис врски. 

најчитано сега