Тројца повредени на скопските улици

Во изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје сообраќајната полиција извршла увид на три сообраќајни незгоди во кои со повреди се здобиле возач на патничко моторно возило, сопатник и патник во автобус.

Санкционирани се и 22 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од кои седум возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, шест  возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај и 22 не користеле безбедносниот појас или зборувале на мобилен телефон.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 75 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега