Исчезнатата малолетничка се јавила на мајка си - каде се криела?

15-годишната Силвија Цанет за која Србија се крена на нозе откако и се изгуби секаква трага, и се јавила на мајка си дека е жива и здрава, со што заврши голготата за семејството. Според инфорамциите на српскиот Курир, нејзиниот очув изјавил дека таа и се јавила на мајка си и дека полциијата успеала да лоцира од каде доаѓа повикот.

- Дознавме каде се наоѓа преку мобилниот. Исто така, Силвија контактирала и на Фејсбук со една своја другарка, па полицијата ја лоцираше, изјавил тој за српскиот Курир.

Со тоа, конечно заврши драмата за семејството, која започна во средата. Засега не се знае зошто девојчето избегало од дома и отишло кај своја другарка.

 

 

Оцени ја веста

23.02.2015 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега