НАТО се тресе од Путин: Не тестира, праќа авиони и не потценува!

Со постојано влегување и воздушниот простор на Вeлика Британија, Русија игра опасна кукавичка игра која би можела да доведе до судар на некој од руските бомбардери со патнички авион, предупредуваат британските медиуми.

Во последните четири години, британското воено воздухопловство било принудено да интервенира повеќе од 40 пати за да ги пресретне руските воени авиони кои летале во непосредна близина на границите на британскиот воздушен простор. Британскиот премиер Дејвид Камерон минатата недела мораше да ги смирува своите сонародници откако два руски бомбардери беа забележани во близина на британското крајбрежје.

- Овие авиони не летаат толку далеку само за да разгледуваат. Тие вежбаат борбени мисии. Ја тестираат нашата одбрана, а со тоа играат кукавички, што е многу опасно. Постои можнос од судир меѓу руски и цивилен авион, изјавил поранешниот шеф на британската авијација, Лорд Стируп.

Тој смета дека Владимир Путин е на мислење дека Западот воено станува се послаб.

- НАТО, во текот на годините, барем во очите на Путин, видно ослабел. Тој нас не смета за слаб ривал, а тоа е многу опасна ситуација, рекол лордот, додавајќи дека Велика Британија треба сериозно да размисли за вооружување на Украинците.

- Мора да ни биде јасно дека си имаме работа со Путин. Нашиот одговор мора да биде стратешки, а дел од тоа е да покажеме сила и да се погрижиме Путин да сфати колку сме силни, заклучил тој.

 

 

Оцени ја веста

23.02.2015 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега