Русија нема да и даде финансиска помош на Грција

Русија во моментов нема намера да и даде финансиска помош на Грција, изјави рускиот заменик-министер за финансии Сергеј Сторчак, пренесува МИА.

Грчките медиуми, кои ја пренесуваат оваа изјава на Сторчак, додаваат дека тој информирал оти во рускиот буџет за оваа намена нема предвидени средства.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, пред тоа рускиот министер за финансии Антон Силуанов изјави дека Русија ќе го разгледа прашањето за обезбедување на средства за Грција.

- Можеме да замислиме ситуација дека ако такво барање биде испратено до Владата на Русија, ние задолжително ќе го разгледаме, но ќе ги земеме предвид сите фактори кои влијаат на нашите билатерални односи меѓу Русија и Грција. Тоа е се што можам да кажам, изјави Силуанов.

 

 

Оцени ја веста

24.02.2015 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега