„Ми пукна филмот па ја убив" - шокантна исповед на Теодора
39-годишната глумица Теодора Викторовиќ синоќа на сослушувањето во судница призна дека го извршила грозоморното убиство, и со сатар ги убила своите мајка и баба.
Според податоците на српскиот Курир, таа изјавила дека нејзината мајка постојано ја понижувала, навредувала, и цел живот и се качувала на глава.
- Се каам и тешко ми е особено поради баба ми, таа за ништо не е виновна, изјавила Теодора.
Девојката додава и дека го земала сатарот, ја удрила неколкупати мајка си, а потоа и бабата кои лежеле на кревет.
Убиството се случило бидејќи откако Теодора станала да земе млеко за своето синче, нејзината мајка и се развикала што ја разбудила. Тогаш како што вели и пукнал филмот и ги убила.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа