Родители од Љубљана осудени на затвор – од своето бебе правеле веган

Суд во Љубљана прогласи за виновни родители чие бебе починало поради неухранетост.

Кога починало, женското бебе имало осум месеци и само шест килограми.

Судот ги осуди на казна затвор од една година и осум месеци иако Обвинителството бараше казна од шест години.

Родителите, инаку вегани, со специфичен начин на живот и исхрана, го применувале тоа и кај детето – не му давале храна од животинско потекло и не прифаќаат лекување на лекар.

Помош за бебето побарале откако за него немало спас.

 

 

Оцени ја веста

07.03.2015 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега