„Нон стоп ми се јавуваа пријателите за да проверат дали сум жив“

Смртта на Влада Дивљан  го потресе Балканот. Во последното интервју  членот на групата Идоли оптимистички говореше за својата болест додека медиумите пренесуваа дека тој е во критична состојба. 

- Човекот не може да ја победи смртта, го знам тоа. Не се плашам, дури не размислувам за тоа. И сега сум во болница, а кога си овде се трудиш да размислуваш за убави работи. Ме пуштија за Нова година неколку дена да бидам со моите најблиски а вече на 15. јануари повторно се вратив во болница, рекол Влада.

-Беше објавена информацијата дека сум во тешка состојба и дека е прашање  денот кога ќе умрам. Се јавив и ги замолив да ја тргнат таа вест, не го направив поради мене, јас знам како сум туку поради пријателите. Ми се јавуваат нон-стоп за да проверат дали сум жив, рекол Дивљан.

 

 

 

 

Оцени ја веста

07.03.2015 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега