Се огласи докторот кој го оперираше тригодишното ангелче: Жал ми е што Ања почина

Во Судот во Белград продолжува судењето за смртта на тригодишното ангелче Ања Граговац, кое почина на операциона маса.

Докторите кои ја оперираа, како што пренесува српскиот Курир, дадоа исказ во судницата.

- Барав од докторот Бора Митровиќ да ја оперира Ања бидејќи е одличен хирург кој си ја знае работата. После се, жал ми е што јас не ја оперирав, вели докторот Божидар Илиќ, кој тврди дека бил таму за време на операцијата и будно следел што се случува.

- Ако апаратот за операцијата беше исправен и опо оперцијата, што се докажа со вештачењето, како е можно претходно да бил расипан, вели сервисерот.

И докторката Илиќ која ја лекувала малата Ања вели дека и е многу жал.

Малото девојче почина во 2007 година по операцијата на катаракта. 

 

 

 

Оцени ја веста

07.03.2015 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега