Изрешетан таксист пронајден на улица
Уште едно ужасно убиство ја потресе Србија. 41-годишниот Чира Тренески, таксист во такси компанијата „Пинк такси" бил изрешетан со повеќе куршуми во градите.
Според податоците на српскиот Курир, колегите на настраданиот таксист изјавиле дека вчера како и секоја вечер тој возел со таксито, и не ни претпоставувале дека ќе се случи трагедија. Еден од колегите го видел Чира околу 18 часот, се поздравил со него, а потоа слушнал дека е убиен.
Полицијата го пронашла безживотното тело околу 20 часот на улица. Засега не е познат мотивот за убиството.
Полицијата го истражува случајот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа