ФОТО: Убиениот таксист во Белград е Македонец - го изрешетале и фрлиле на улица
Во белградската населба Падинска скела убиен е 41-годишниот Кире Тренески, таксист во такси компанијата „Пинк такси". Тој бил убиен со повеќе куршуми во градите.
Српските медиуми јавија дека жртвата е Македонец.
Недалеку од местото каде синоќа околу 20 часот беше пронајден таксистот, било пронајдено уште едно безживотно тело, дознава српскиот Ало и најавува повеќе податоци за подоцна.
Македонецот бил изрешетан со повеќе куршуми во градите и потоа фрлен на улица.
Оцени ја веста
13.03.2015 - 12:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа