Пронајдено девојчето кое попладнево беше киднапирано во Србија
Пронајдено е малото девојче за кое денеска беше соопштено дека било киднапирано во населбата "Браќа Јерковиќ", во Воздорац, Србија. Полицијата успеала да го лоцира двегодишното девојче, а киднаперите биле фатени кога се обиделе да ја поминат патарината кај Шимановац. Очевидците на драмата кај Шимановац раскажуваат дека со автомобилот марка БМВ управувала девојка, а на совозачкото место седело момче кое најверојатно е напаѓачот којуспеал да го украде детето. Мајката,која во моментот на киднапирањето била до својата ќеркичка, веднаш била пренесена со брза помош.
Оцени ја веста
13.03.2015 - 14:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа