ФОТО: Ова се киднаперите на двегодишното девојче во Србија

Двегодишно девојче денеска околу 13 часот беше грабнато од рацете на нејзината мајка во населбата Браќа Јерковиќ во Белград.

Мажот и жената го грабнале девојчето од рацете на мајката и побегнале со возило марка БМВ, по што ја пробиле рампата кај Шимановци. Тие се обиделе да го ослободат девојчето, но сепак полицијата успеала да им го попречи патот и да ги уапси.

Како што пишува српски „Курир“ станува збор за тројца киднапери, две жени е еден маж, а кај нив бил пронајден лажен пасош подготвен за детето.

Според неофицијалните информации, киднаперите одбиваат да соработуваат со полицијата и говорат на шпански јазик. Во моментов полицијата се обидува да го утврди нивниот идентитет.

 

 

Оцени ја веста

13.03.2015 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега