Преку Фејсбук барале девојки за проституција

Хрватската полиција уапси девет лица поради сомневање дека во Загреб од крајот на 2013 година па се до денес организирале проституција. 

Полицијата оваа акција ја организирале неколку месеци следејќи ги социјалните мрежи кои преку нив се нуделе секаков вид на сексуални услуги, следеле со кого контактирале проститутките.  Така загребската полицијата открила дека меѓу нивните клиенти има и познати личности од јавниот живот.

Станува збор за неколкумина адвокати, еден пејач, еден спортски работник и еден  новинар. Иако сите организатори се приведени истовремено, како што неофицијално дознава Јутарњи лист, всушност станува збор за четири различни случаи на подведување.

Во некои случаи макроата подведувале и деца кои ги „регрутирале" преку Фејсбук, на некои отворено им нуделе работа како ескорт, додека на некои прво им кажувале дека станува збор за работа како хостеси и фотомодели за потоа со закани и уцени да ги принудат на проституција.

 

 

 

Оцени ја веста

20.03.2015 - 22:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега