Пешак прегазен на скопските улици

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди од кои две се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда. Со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник и еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 25 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Четиринаесет возачи кои го користеле мобилниот телефон или не го користеле сигурносниот појас за време на управување со возилото, 12 возачи кои го управувале возилото со изминат рок на важноста на сообраќајната дозвола, како и пет возачи кои го управувале возилото со неисправни уреди, односно констатирана е неисправност на уредот за сопирање.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 62 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега