НОВА ИНВЕСТИЦИЈА: Италијански лидер влегува во Штип

 

Премиерот Никола Груевски на големиот народен собир во Штип најави нова инвестиција и нови вработувања.

- Со дозвола на компанијата со која работеше Џери Наумоф, денес можам да објавам дека компанијата КОНДЕВО од Италија, лидер во производството на топлотни разменувачи за бојлери и добавувач на светски познатите производители на бојлери не информираше дека донесе одлука за инвестирање во технолошко индустриската развојна зона во Штип. Инвестиција во вкупна вредност од над 40 милиони евра и минимум 250 нови вработувања, во период од пет години. Компанијата ќе ја применува најновата технологија во оваа област и ќе финансира во тренинг на своите вработени со цел да се обучат за производство на нивниот нов патент производ на светскиот пазар. Потпишувањето на договорот е во владина процедура и компанијата планира да започне со активностите за градба во текот на наредните три месеци. Ова е уште една добра вест за Штип и за целиот регион!, истакна Груевски.

Премиерот рече дека сево ова е резултат на посветена работа за отворање на нови работни места и намалување на невработеноста.

 

 

Оцени ја веста

29.03.2015 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега