Нови 50 вработувања - британска ИТ инвестиција од пет милиони евра
Британската компанија Allocate Software во Скопје го отвори новиот Центар за развој на апликации. Со планирана инвестиција од пет милиoни евра, компанијата ќе вработи 50 водечки програмери за развој на софтверски апликации во Република Македонија што е одлична можност за македонските инженери да се приклучат и да ги градат своите кариери преку успешен меѓународен бизнис за апликации во здравството.
Министерот Иво Ивановски обраќајќи се на настанот истакна дека компанијата од Лондон ги препозна позитивните предуслови кои ги нуди Македонија: -Со тоа се остваруваат заложбите и активностите на македонските владини институции за создавање амбиент на воспоставување стандарди и вредности кои ќе бидат препознаени во светот и кои ќе ни донесат нови инвестиции. Поддршката и логистиката од македонската влада во овој дел е мошне силна, а се со цел да отвораме нови работни места во кои своето место ќе го најдат професионалци информатичари, посочи министерот за информатичко општество.
Главниот директор за технологија во Allocate Software, Иан Бишоп, истакна дека имаат долгорочи амбиции со што развојниот центар во Македонија ќе стане најголем во компанијата во претстојните неколку години.
Инаку, на настанот свое обраќање имаше и британскиот амбасадор во Република Македонија, Чарлс Гарет.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа