Раст на индустриското производство од 3,1 отсто
Индустриското производство во февруари годинава бележи раст од 3,1 отсто во однос на февруари лани, а во првите два месеца растот е 2,1 отсто во однос на овој период лани. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за Статистика.
Статистика објавува дека индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, бележи опаѓање од 13,4 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4,7 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 22,2 отсто, додека гледано по главните индустриски групи, производството во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, бележи пораст кај Енергијата за 5,9 проценти, Капиталните производи за 26,8 отсто, Трајните производи за широка потрошувачка за 27,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,6 отсто, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12,3 отсто.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа