Македонија промовирана како одлична бизнис дестинација во Дубаи
На лична покана од Министерот за економија на Обединетите Арапски Емирати Н.Е.Султан бин Саид ал Мансури, министерот Наумоф денес пред високи претставници на компании зборуваше за одличната бизнис клима и предностите кои ги нуди Македонија како порта кон Европа.
Ова е второ последователно учество на министерот Наумоф на годишниот собир на инвеститори во Дубаи , кој е еден од најважните собири на најголемите бизнис инвеститори од целиот свет. На овој собир беа одржани и неколку значајни Б2Б средби. Беше постигнат и договор за размена на бизнис делегации меѓу нашите две земји.
Министерот Наумоф заедно со мала одбрана група на министри од целиот свет, оствари и средба со заменик-претседателот и премиерот на ОАЕ и владетел на Дубаи Шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, на која се дискутираше за подобрување на стратегијата за привлекување на странски директни инвестиции и зајакнување на економските односи.
На состанокот присуствуваше и првиот македонски амбасадор во Обединетите Арапски Емирати , Н.Е. Сашо Ташевски. Се дискутираше и за добрите билатералните односи кои произлегуваат од отворањето на Македонската Амбасада минатата недела.
Министерот Наумоф и амбасадорот Ташевски се сретнаа и со извршниот директор на една меѓународна фармацевтска производствена компанија. Првичната средба на Министерот Наумоф со извршниот директор на оваа компанија беше остварена на бизнис форум во Истанбул минатата година. По неколку успешно организирани посети во Македонија на покана на министерот Наумоф компанијата е подготвена да инвестира во Македонија .
Нивните проекти ќе обезбедат вработување на високо квалификувани фармацевти и фармацевтски техничари во Македонија . Компанијата беше привлечена од компетитивните производствени трошоци кои Македонија ги овозможува и исто така и можноста да обезбедат навремена достава до своите клиенти во Европа, Северна Африка и Блискиот Исток.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа