Промовиран проектот „Македонија вработува“
Владата денеска промовираше уште еден од низата на проекти за намалување на невработеноста во државата, креирање на нови работни места и зголемување на животниот стандард на граѓаните.
Преку новиот проект со наслов „Македонија вработува“ ќе се овозможи вработување на невработени лица до 35 години, лица од 35 до 50 години кои повеќе од 10 години се без работа, лицата над 50 години, како и лица од ранливите категории на граѓани, примателите на социјална парична помош, самохраните родители, родителите на 3 или повеќе деца, децата без родители и родителска грижа и родителите на децата со пречки во развојот.
-Над 150 илјади лица се потенцијални кандидати на овој проект и мерките што се содржат во него, истакна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.
Мнистерот за труд и социјална политика Диме Спасов потенцираше дека се планира огромен опфат на невработени граѓани.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа