Над 150.000 лица може да се вработат со новите владини мерки

 

Над 150 илјади лица се потенцијални корисни на владините мерки за намалување на невработеноста.  Опфатени се сите категории и граѓани од сите возрасти. Владата на вчерашната седница го усвои пакетот мерки за ослободување од плаќање придонеси за компаниите кои ќе вработат  вакви лица.

Во првата група  – до 35 години, газдите можат да вработат лица кои  биле невработени последните 3 месеци од стапување на законските измени. Во втората, работодавачите кои ќе вработат лица од  35 до 50 години  ќе бидат ослободени од плаќање придонеси 5 години. Во третата и четвртата се лицата над 50 години и социјално ранливите категории граѓани.  Петтата ги опфаќа лицата со над 58 години, з акои газдите нема да плаќаат придонеси до пензионирање.

Компаниите кои ќе сакаат да ги искористат овие мерки ќе мора да исполнат одредени услови

Владата гарантира дека пакетот мерки ќе обезбеди максимална заштита на лицата кои веќе се  вработени.

Мерките ќе стапат на сила до крајот на месецот, а ќе траат една година.

 

 

Оцени ја веста

02.04.2015 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега