Груевски пред тетовчани: Соработката со Израел чиста како солза

 

Во однос на случајот со Република Израел, освен срамот кој го нанесе Заев на државата и на сите нас, за него лично не говорам, затоа што очигледно овој човек не знае што значи тоа срам, би сакал да го кажам следново. Република Израел има одлични пријателски и партнерски односи со нашата земја, базирани на бројни меѓусебни договори кои меѓусебно како две држави ги имаме потпишано и ние таа соработка ја негуваме и се обидуваме да ја продлабочуваме, рече Груевски на анродниот собир во Тетово.

- Во рамки на таа соработка државата Израел на Македонија и дала огромна помош на различен начин. Еден од тие проекти е и проектот за кој Зоран Заев зборуваше пред некој ден и изнесе лаги и навреди,.... остајте за нас, туку и за нашите пријатели од државните институции од Израел. Без ронка срам човекот кој најави дека кога ќе дошол на влас ќе избркал од работа се од чистачка до министер и ќе си оставел нови од СДСМ,  ги наклевети сите, вклучително и претставниците од министерството за одбрана на Израел кои замислете ги објави со слика, и ги објави нивните лични податоци, срамно и крајно штетно за државата....обвинувајќи не сите за нешто што беше голема помош на Израел кон нас. Значи, Израел донираше 5,7 милиони евра помош за македонската полиција, за македонските специјални сили, а тоа што овој кловн го говореше е класична лага во која веќе и неговите соработници се уверија па мораат да го перат сега на различен начин. Заев издаде државна тајна и објави работи со кои се направи обид да се наштети на македонската полиција и на управата за разузнавање. Од договор и соработка чиста како солза, некој свесно сака да ги саботира односите со нашите пријатели. И утре ваков човек или тие околу него ќе сакаат да водат држава.  Овие не може да водат ни оро а камо ли држава. Па кој сакате после вакви крупни гафови да ги сфати сериозни и да соработува со нив, рече Груевски.

 

 

Оцени ја веста

04.04.2015 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега