Четири странски инвестиции и 3.000 вработувања во тетовско

 

Четири нови странски инвестиции ќе се реализираат во Тетовско. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешниот собир во Тетово најави дека новите инвестиции се италијанска компанија специјализирана за производство на минибуси и компанија од Белгија снабдувач на метал во преработувачкиот сектор, како и  италијанската компанија за производство на печки  и американска компанија од автомобилскиот сектор.    

- Компанија од Италија која е специјализирана за производство на минибуси не има известено дека  донела одлука за инвестиција од 10 милиони евра во капацитет во Тетово и отворање 500 нови работни места. Според најавата, некаде до јуни-јули планираат  потпишување договорот и почеток на реализација. И ова е уште една добра вест, рече премиерот додавајќи дека белгиската компанија ина донесено интерна одлука за инвестиција од пет милиони евра и отворање на околу 100 работни места. Се очекува официјална објава од нивна страна и потпишување договор за инвестиција во јуни или јули годинава.

Посочи дека во Тетово на површина од 95 хектари се изгради технолошко-индустриската зона, каде веќе италијанска компанија преку нивната компанија во Македонија Про-компо која е специјализирана за производство на печки, апарати за сушење и греење и технологија и механички дизајн веќе започна со изградба на фабрика за композитни материјали, во вредност од 5 милиони евра.

Како што рече нивните најави се дека фабриката која ќе опфаќа 6.000 квадратни метри ќе биде отворена во текот на летото, и ќе отвори над 150 работни места, од кои веќе првите 100 вработувања ќе се реализираат во 2015. 

Пред три недели премиерот најави дека американска компанија ќе инвестира 16 милиони евра во ТИРЗ Тетово, и тоа во фабрика за производство на компоненти за автомобилска индустрија, инвестиција со која се предвидува отворање на 2500 директни нови работни места. 

Тој истакна дека компанијата веќе ги започна процедурите за почеток на работата и тест производството во браунфилд хала и наскоро ќе почне и со обука и на првите вработени. - И тоа е одлична вест за регионот, рече, 2500 вработувања за Тетовско, Гостиварско, за Јегуновце, за Брвеница и за целиот овој регион.

На собирот рече дека продолжуваат со битката за секое ново работно место, за сите граѓани, за Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци, за секого.

Во последните  три недели, како што рече, најавивме и градба на над 10 нови фабрики низ Македонија , во кои ќе има околу 6 илјади нови вработувања.

 

 

Оцени ја веста

04.04.2015 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега