Врачени нови 100 решенија за легализација во Прилеп

Доделувањето решенија за веќе легализираните дивоградби во Прилеп продолжува да се реализира согласно претходно проектираната динамика.

Дененска беа доделени околу 100 нови решенија за легализација, заклучно со кои досега се легализирани околу 8.500 дивоградби, од вкупно поднесените 15.367 барања за добивање на правен статус на објектот.

Доделувањето на решенијата, веќе традиционално, на мала пригодна свеченост, го направи градоначалникот Марјан Ристески, кој истакна дека доста значајно за општината е спроведувањето на Законот за легализација на дивоградбите, преку кој Владата на РМ, на сите граѓани им овозможи историска шанса за стекнување на правна и легална сопственост на нивните домови.

Прилепчани покажаа голем интерес за оваа владина социјална мерка за докажување на сопственоста за нивните дивоизградени објекти.

 

 

Оцени ја веста

04.04.2015 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега