Македонија доживува извозен бум од зоните
Извозот од зоните засилено расте .Според последните податоци на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони , извозот на компаниите во зоните е зголемен за 28 % во првите три месеци од годинава. Вкупната вредност на производите кои завршиле во странство надминува 325 милиони евра. Според директорот на Технолошко индустриските развојни зони Виктор Мизо, ваквиот тренд се очекува да продолжи и да го надмине рекордот од минатата година, кој изнесуваше извоз од 1 милијарда и 170 милиони евра. Извозот од зоните во 204 година е за 52% повеќе во однос на 2013 година, а според проценките, на среден рок, треба да се очекува извоз од околу 2 милијарди евра. Извозот од ТИРЗ во вкупниот извоз на Македонија веќе учествува со 31%.
Македонија доживува извозен бум од зоните
“Во споредба со мнатата година имаме зголемување на извозот од околу 28%, тоа е дури и малку над оние предвидувањата кои ги имавме минатата година за оваа година. Сите компании кои веќе се функционални активно работат, зголемен е бројот на нарачките кои тие ги имаат од нивните партнери во Европа и нормално, со започнување со работа на другите компании во зоните се надеваме дека тој број ќе расте од година во година. Можеби, не може да се очекува секоја година да имаме зголемување од 20 или 30 % раст на извозот , но дури и зголемување од 10 % е голема контрибуција не само во вкупната трговска размена на Македонија, туку и во покриеноста на увозот со извозот, бидејќи ако се направи анализа на тие бројки во изминатите три до чертири години, покриеноста се зголемува, но и соработката со домашните компании“ вели за Лидер директорот на ТИРЗ Виктор Мизо.
Многукратни бенефиции од соработката меѓу странските и домашните компании
Според Мизо, од особено големо значење е соработката меѓу странските компании кои инвестираат во земјава и домашните фирми,. Се поголем е бројот на домашни компании кои работат како добавувачи , а тоа значи простор за нови работни места, трансфер на знаење и технологија и краниот ефект е поконкурентна економија. Во моментов, околу 500 домашни фирми соработуваат со странските инвеститори.
“Пред неколку дена кога се потпиша и договорот со Дијатек , директно беше посочена дека компанија од Македонија изработува дел од опремата која ќе биде вградена во производниот процес. Тааа компанија претходно соработуваше и со Џонсон Мети и сега е дури глобално кфалификувана да добавува таков вид на компоненти и материјали на Џонсон Мети на глобално ниво, значи гледаме дека не само во процесот на добавувачи на компоненти и маретијали , туку и изработка на дел од опремата на овие компаниии се случува и во домашните компаниии во Македонија и тој ефект индирекно е поттик за нови работни места, трансфер на знаење и можност да се соработува со овбие компании, ке го направи нашиот бизнис, нашата економија многи поконкурентна“ вели Мизо.
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во јануари 2015 година изнесува 335 696 илјади САД долари, а на увозот 422 360 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 79.5%. Трговскиот дефицит, во јануари 2015 година, изнесува 86 664 илјади САД долари.Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и другите метали од платинската група и нивните легури, необработени или во облик на прав.
Годинава се очекува инвестиции од 25 странски компании и 13 000 вработувања
Во досегашниот период во Македонија, инвеститорите имаат отворено свои капацитети, над дестици и десетици нови фабрики, а само во странските капацитети се вработени над 11.000 работници и тој број секојдневно расте.Само во оваа година очекуваме уште нови 25 странски компании да донесат и објават одлука за градба на капацитети во Македонија, дел од нив и да почнат со градба и во истите тие капацитети кои планираат да ги отворат да се креираат нови над 13.000 работни места“ рече Груевски.
Премиерот вчера од Тетово, најави дека четири странски компании ќе се инвестираат во тетовскиот регион и ќе се вработат 3000 лица. Од Штип пак најави 200 дополнителни вработувања во Џонсон Контролс, старт на Техникал текстајлс“ и 600 нови вработувања, како и потпишување договор за инвестирање со „Амфенол“. Груевски изјави дека холандската компанија „Антура“, која во Кочани инвестираше 6 милиони евра има вработено 100 лица, во наредниот период ќе го зголеми бројот на вработени за уште 200 нови вработувања. Во финална фаза е и одлуката за инвестиција од 15 милиони евра и 300 вработувања во Пробиштип. Груевски најави нова инвестиција, Италијанската „КОНДЕВО“ ќе инвестира 40 милиони евра и ќе вработи над 250 лица. Од народниот собир во Битола пак,премиерот најави три нови фабрики во тој регион и над 750 вработувања. Од народниот собир во Скопје, Груевски најави шест нови странски инвестиции кои вкупно ќе вработат 4 500 луѓе.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа