Се менува законот во Македонија: Нема веќе препродавање на половни возила

 

Еден граѓанин да може да увезе најмногу два половни автомобила годишно. Ова е многу повеќе од законската рамка во Европската Унија која дозволува физичко лице да може да купи од странство само едно старо возило, истакна денеска министерот за економија Беким Незири.

Овие новини треба да се вградат во предлог измените и дополнувањата на Законот за возила. Според  Незири, целта на овие измени е допрецизирање на надлежностите на службата која го врши одобрувањето на возилата, скратување на роковите за издавање на одобрение за единечно возило од 15 на 5 работни дена, а со самото тоа зголемување на ефикасноста и ефективноста во работењето на овие служби, во интерес на граѓаните.

„Со измените и дополнувањата на овој закон, кои после денешната работна средба со техничките служби ќе бидат допрецизирани, а кон почетокот на идната недела ќе бидат пуштени во владина процедура, ќе придонесеме кон заштита на граѓаните во делот на безбедност на сообраќајот, поголема заштита на животната средина, професионално и ефикасно работење на службите за технички преглед, забрзување и прецизирање на процедурите кои ги поминуваат граѓаните во нив. По усвојувањето на Законот за возила за сите новини ќе јавноста ќе биде информирана“, истакна Незири.

Претставниците од техничките служби истакнаа задоволство од нацрт верзијата на измените и дополнувањата на Законот за возила, бидејќи со овој предлог закон ќе се воспостави ред во состојбите, но и од соработката со Министерството за економија, кое сака да креира европски закон кој ќе овозможи добивање на фактичката слика во овој сегмент во државата, имплементирајќи во него и голем дел од потребите на техничките служби за давање на поефикасни услуги на граѓаните.

 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 21:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега