Уште еден пешак тешко повреден на скопските улици

Осум сообраќајни незгоди се евидентирани вчера во Скопје. Во една од нив пешак се здобил со телесни повреди.

Сообраќајната полиција во изминатте 24 часа санкционирала 26 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, 11 кои не користеле безбедносен појас или зборувале на мобилен телефон при возење, девет возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и 16 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорите за пешаци.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 83 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

 

 

Оцени ја веста

07.04.2015 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега