Играле калашникови: Убиени тројца Албанци во жестока пресметка меѓу криминалните банди во Валона

Жестока престрелка се случила доцна попладнево во албанскиот приморски град Валона во кој се убиени три а едно лице е тешко повредено. Во инцидентот биле се пукало од калашњикови и пиштоли.

Инцидентот што ја вознемири не само Валона туку и целокупната албанска јавност се случил во населбата „Чоле“ кога од два автомобила во движење неколку лица пукале во еден угостителски објект . Од локалот возвратиле лица кои биле во него. Во жестоката престрелка убиени се две лица во локалот и едно лице во еден од автомобилите.

Населбата каде што се случила престрелката се смета за најпроблематичен во градот. За време на познатите пролетни немири во 1997 година населбата била една од базите на кримналните банди.

За само неколку часа по настанот полицијата уапси три лица, по едно се уште се трага а како доказ се одземени и двата автомобила марка „БМВ Х5“, како и калашњикови со кои било пукано од автомобилите и пиштоли кои ги употребиле лицата во ресторанот.

 

 

Оцени ја веста

07.04.2015 - 21:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега