„Јасмина паднала на земјата и буквално се угушила во својата крв"

Јасмина Опачич, од Нови Сад која беше брутално убиена, заминала во смрт бидејќи трчала по убиецот и ја свртела главата. Тој повтопрно испукал куршум сакајќи да ја заплаши, но ја погодил во образот сопругата на Ненад Опачич.

Според најновите податоци од истрагата до кои дојде Новости, несреќната Јасмина буквално се угушила во крв откако ранета паднала на земјата. Откако злосторникот го нападнал Ненад, а потоа почнал да бега, Јасмина тргнала по него за да го фатат. Тогаш се свртел и за да ја заплаши испукал куршум кон неа, но ја погодил по што таа паднала на земјата.

Ликвидацијата на Опачич била смислена во затвор каде бил злосторникот. 

За потсетување, немилиот настан се случи на 28 февруари годинава во Нови Сад. 

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега