Ноќеска им ги исекле гумите на сите автомобили во градот

Над 70 гуми  на паркирани автомобили се исечени  вчера вечер во Банско. Во целиот град изминатава ноќ аздисувале вандалите, пренесе  bTV.

20150407.ohxyzqsoik

Гумите на околу 70 автомобили биле дупнати  а оштетени автомобили има низ целиот град. Би Ти Ви емитуваше и видео на кое се гледаат млади кои минуваат покрај автомобил и ги сечат двете и гуми откај улицата.

Меѓу автомобилите, по  кои  било посегнато, има и такви оставени на тротоари, и на паркинзи  . Според првите сознанија станува збор за вандалски чин.

Од полицијата известија за Би Ти Ви дека работат за откривање на сторителите и имаат насоки, но одбија да соопштат повеќе детали. Се уште не е јасно кој го  порачал масовниот вандализам, пренесува уште телевизијата.

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега