Исповест на таткото на Неда - жената која ја измами цела јавност

Недељка Косовец, жена од Хрватска која молела за помош за себе и своите деца по медиумите, криела мрачна тајна. Иако многумина од граѓаните со големо срце се решиле да и помогнат на оваа мајка, сепак не знаеле дека таа направила грозоморно убиство. Жената како што пренесе хрватскиот портал Дневник, си го убила сопругот заедно со помладиот љубовник, а потоа го фрлила во бунар.

Ттајкото на жената-убиец која ја измами цела хрватска јавност, вели дека ако навистина неговата 35-годишна ќерка извршила убиство, треба да одговара за делото.

- Јас не сум судија, нека и судат за делото кое го направила. Јас сум само татко и сум лут на себе што не сум ја извел на прав пат иако се трудев. Моите внуки се многу потиштени. Ттако им го нема, а мајка им е во затвор. Суровата вистина многу ги погоди, вели таткото за Дневник.хр.

Тој се сомнева дека покојниот сопруг ја тепал неговата ќерка, па веројатно и зато го направила делото бидејќи не можела да издржи, но во секој случај не ја оправдува иако му е ќерка.

- Работев во странство им праќав пари, но таа не виде ни динар од нив. На почетокот беше љубов, па почна да ја тепа и да се иживува на неа, вели таткото.

За потсетување, Недељка со љубовникот гоубила сопругот на спиење, така што пукала кон него, па го бодела со нож. Потоа го замотала во чаршаф и фрлила во бунар. Таа по медиумите молеше за помош за нејзинит деца како социјален случај, велејќи дека таткото ги напуштил.

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега