ФОТО: Една жена загина во страшен судир на автобус и автомобил

Според првичните информации, сообраќајната несреќа се случила во Горно Мрзло Поле, Хрватска, околу 6 часот и 40 минути. Жената што го управувала автомобилот се здобила со тешки телесни повреди и починала на пат кон болницата.

Во автобусот со загребски таблички полесно се повредени повеќе патници. Возачот и една патничка се згрижени во болница, но не се задржани на понатамошно лекување.

Во тек е увид на местото на несреќата а пожарникарите го извлекуваат горивото и маслото кое тече од оштетениот автобус.

Сообраќајот е во прекин за сите возила. 

 

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега