Сеќавање на ужасната трагедија: "Му велевме Душан успори но не слушаше па ги однесе во смрт "

Беше мрак. Се сеќавам само дека стоеше натпис „Добредојдовте во Ада Хуја". Душан возеше пребрзо, не знам точно со колку, но беше брзо. Автомобилот одеше лево десно поради дупките на патот. Вака во Судот сведочеше Лука Вишниќ, момчето кое ја преживеа страшната сообраќајна несреќа на 22 ноември, кога пет момчиња со БМВ слетаа во Дунав и заминаа во смрт.

- Му велевме да намали, а следно што паметам е дека во мракот потонавме во Дунав. Беше ужасно. Водата влегуваше брзо во автомобилот, настана паника. Јас почнав да викам и да лупам со рацете на стаклата. Седев назад и не можев да ја отворам вратата, се сеќава момчето низ солзи, пренесе српскиот КУРИР.

Синот на српската новинарка Оља вели дека не знаел што е со неговите другари кога испливал некако од реката. 

- Се собраа луѓе, влегоа да помогнат, викаа по нас....Јас бев повреден, не можев да испливам сам, вели тој и додава дека некој влеол во водата и го спасил.

Покрај момчето во судницата биле и родителите на настраданите момчиња кои на 22 ноември со автомобилот влетаа во Дунав и ја завија Србија во црно.

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега