Пронајдено петнаесетгодишното момче: Го врзале и фрлиле на патот
Во селото Дивци кај Ваљево, пронајдено е 15-годишото момченце кое беше киднапирано вчера. Случајот во полиција го пријавија неговите родители, а момчето чиј идентитет не се открива, било врзано со јаже и фрлено на магистралниот пат за Белград.
Според информациите на српскиот Курир, случајните минувачи кои го забележале веднаш повикале полиција и Брза помош, а момчето било итно пренесено на Интензивна.
Момчето на полицијата и раскажало дека не се сеќава на ништо освен дека било во црн автомобил.
Полицијата истражува.
Оцени ја веста
08.04.2015 - 11:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа