Китаровиќ: Хрватска продолжува со силната поддршка за Косово

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ на средбата со шефот на косовската дипломатија Хашим Тачи истакна дека Хрватска и понатаму силно го поддржува Косово.

- За време на средбата потврдени се пријателските односи меѓу Загреб и Приштина, како и обостраната желба за јакнење на соработката во областа на земјоделството. Се разговараше и за соработка во Југоисточна Европа на подрачјето на енергетиката и инфраструктурните проекти, се наведува во соопштението од кабинетот на Грабар Китаровиќ.

Тачи ја нагласи силната поддршка за заштита и промоција на правата на хрватското малцинство во Косово, како и високиот степен на вклученост на албанската заедница во хрватското општество.

Косовскиот премиер е во официјална посета на Хрватска и предвидено е да се сретне со премиерот Зоран Милановиќ,  со претседателот на СаборотЈосип Лекo и со министерката за надворешни работи Весна Пусиќ.

Тачи ќе има средба и со претставниците на здруженијата на Албанците, кои се бореа на хрватска страна во војната од 90-тите години

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа