Шмит: На Грција и се заканува хуманитарна катастрофа доколку излезе од еврозоната

Шефот на германската служба за анализа и проценка на економскиот развој, Кристоф Шмит ја предупреди Грција дека и се заканува хуманитарна катастрофа доколку ја напушти еврозоната.

- Последиците ќе бидат енормни и грчката влада моментно си игра со оган, изјави Шмит за Вестдојче алгемајне цајтунг.

Тој ги предупредува европските влади да не ја слушаат грчката влада која сака да го напушти рефомскиот курс.

- Најлош и најскап пат би бил ако се попушти пред барањата на Атина за да се спречи по секоја цена еден grexit, односно излегување на Грција од еврозоната, наведува Шмит. Тој апелира до државите членки на Европската унија дека не смеат тоа да го дозволат

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега