Пресврт во приказната за киднапирењето на петнаесетгодишното момче - што се случило?

Вистински пресврт во приказната за киднапирањето на 15-годишното момче од Србија за кое сите се кренаа на нозе. Според податоците на српскиот АЛО, момчето било пронајдено на магистралниот пат за Белград, среде улица, но сепак иако оваа вест ја крена Србија на нозе, најверојатно момчето го измислило киднапирањето.

15-годишното момче го пронајде Миро Плавишич кој помислил дека детто било удрено од автомобил.

- Видов дека два автомобила пред мене заобиколија нешто и видов човек кој лежи на земјата. Видов тело на дете. Мислев дека го удрил автомобил, но видов дека е врзано кога малку се приближив. Беш свесенн, но не кажа ни збор, вели Миро.

Детето кое наводно беше киднапирано во понеделникот, на полицијата и раскажало дека не памети ништо освен црн автомобил во кој го ставиле непознати лица. 

Инаку, детето нема мајка и татко, неговата мајка починала, а таткото си заминал, па е сместено во Дом. Од полциијата се сомневаат дека момчето ја измислило приказната, но сеуште се утврдува случајот. Полицијата има сомнежи бидејќи никој во тој период кој бил на местото на настанот не видел таков автомобил ниту киднапирање.

 

 

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега