Ѓорче Петров масовно побара одговорност за велепредавството на Заев, досега собрани 9.450 потписи

 

Од само три акции на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) се собрани околу 9.500 потписи. Граѓаните ставајќи свој потпис на иницијативата, бараат лидерот на СДСМ Зоран Заев да одговара за велепредавство. Редици луѓе денеска во Ѓорче Петров се потпишаа на иницијативата на ГДОМ.

-Собрани се 9.450 потписи. Тоа кажува дека свеста и самосвеста на нашите граѓани за одбрана на основните базични принципи на демократијата и тој демократски рефлекс кој сака принципиелно да изреагира, што значи дека сите институции на државата треба да ги превземат своите компетенции и да реагираат на ова веќе скоро тромесечно незаконско, нелегално и нелегитимно делување на опозицијата, истакна драматургот и писател Бранислав Димитров.

4500111111111

Граѓаните велат дека Заев и нанесува штета на нашата држава и дека нема да дозволат да го спроведе своето мрачно сценарио.

550055555555555

-Го искористувам моето слободно граѓанско право да дадам потпис за да се оддржи мирот во оваа земја и да не наседнуваме брат со брат да се мрази, туку да се зближиме што повеќе, бидејќи нашите дедовци и прадедовци гинеле за оваа земја, а не како сега за пари што се продаваат некои Македонци. Тоа е жално, за пари да се продадеш и да станеш душман на сопствената земја. Жална е сликата да наседнуваме на некои што живеат само за сопствени интереси, истакна граѓанин на Македонија кој денеска го даде својот потпис.

gjorce

Списокот со иницијативата за Заев да биде прогласен за велепредавник ќе ја помине цела Македонија.

potpisi

3500666666666666

 

65002222222222

 

 

Оцени ја веста

15.04.2015 - 23:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега